5 најбогати извори на витамин Ц

од Берта Китинска
709 прегледи

Витаминот Ц е вистински пријател на кожата. Исто како и витамините А и Е, витаминот Ц е силен антиоксиданс. Тој ја намалува штетата предизвикана од слободните радикали, ја заштитува кожата од сончевите зраци, помага во заздравувањето на раните и го подобрува тенот.

Портокал

Портокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.

Грејпфрут

Грејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.

Зелка

Уште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.

Диња

Една четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.

Киви

Ова овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.

Слични содржини