5 причини зошто хумусот треба да биде вклучен во исхраната

од Vladimir Zorba
535 прегледи

Хумусот е јадење кое потекнува од Блискиот Исток и е богато со добри масти, влакна и растителни протеини.

Нутриционистката Никола Шубрук додава неколку причини за почесто да го подготвувате овој вкусен намаз.

Одличен извор на влакна

Направен од наут, хумусот е природно богат со растителни влакна, а студиите потврдуваат дека влакната од наут имаат позитивен ефект врз здравјето на цревата, најмногу поради поддршката на корисни бактерии кои го подобруваат здравјето на цревата.

Може да помогне да се контролира нивото на шеќер

Мешунките како наутот се богати со протеини, скроб и растителни влакна, па затоа ги вариме побавно, што значи дека имаат низок гликемиски индекс (ГИ) и постабилно ја ослободуваат својата енергија, а конзумирањето на храна со низок ГИ помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта.

Добро е за срцето

Хумусот содржи наут богат со влакна, потоа маслиново масло и сусам кои се полни со мононезаситени масти здрави за срцето. Неодамнешните студии покажуваат дека таквата храна не само што може да помогне во намалувањето на нивото на липопротеини со ниска густина (ЛДЛ), туку може да го намали и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Може да помогне во контролата на тежината

Додавањето наут во исхраната е поврзано со помала тежина, помал индекс на телесна маса (БМИ) и помал обем на половината. Една од причините за ова е амилозниот скроб во наутот кој е поотпорен на нашите дигестивни ензими, што значи дека храната е помалку сварлива.

Богат е со антиинфламаторни состојки

Класичните состојки вклучени во правењето на традиционалниот хумус, како што се наут, сусам и маслиново масло, имаат голем број здравствени придобивки, меѓу кои и антиинфламаторно дејство. Се вели дека девственотомаслиново масло има антиинфламаторни ефекти исто толку силни како ибупрофен.

Хумусот може да го јадат повеќето луѓе, но луѓето алергични на некои состојки дефинитивно треба да го избегнуваат, изјави нутриционистката за Би-Би-Си.

Слични содржини