Доколку случајно привлекувате само погрешни луѓе, можеби треба да ги преиспитате верувањата кои ги имате, за кои веројатно не сте ни свесни, пишува „Yourtango“.
Ова не треба да ве загрижува, бидејќи секое деструктивно верување и однесување можете да го замените со позитивно.
1. Ви недостига самодоверба
Експертите за врски често зборуваат за самодовербата, за која веруваат дека е еден од клучните фактори за да се сакате себеси и да бидете сакани од другите. Човек кој е незадоволен од себе испушта различни вибрации од оној кој е задоволен од својот изглед, работа, општествени односи…
Но, како да станете самоуверени ако сте незадоволни?
Клучот е да промените се што не ви се допаѓа и што ја уништува вашата самодоверба. Работете на градење на вашата самодоверба, пуштете го минатото и бидете подготвени да ја прифатите иднината во која ќе се чувствувате добро.
2. Имате страв да бидете сами
Луѓето кои се плашат од осаменост обично прават две работи – или остануваат долго во лоши врски или „скокаат“ од една врска во друга.
Добра алтернатива е да уживате во статусот сингл и сите придобивки што тој ги носи.
Така ќе станете поопуштени и лежерни и ќе привлекувате луѓе кои се однесуваат на ист начин. Освен тоа, другите интуитивно ќе почувствуваат дека нема да трпите ако работите во вашата врска тргнат лошо – или ќе работите на поправка на врската или ќе донесете одлука за раскинување.
Експертите за врски сметаат дека ова однесување е привлечно затоа што јасно ставате до знаење дека имате стандарди и нема да останете во лоша врска само затоа што се плашите да бидете сами.
3. Имате ниски критериуми
Кој друг сака да признае дека се согласува со многу ниски стандарди кога е во прашање изборот на емотивен партнер? Сметаме дека одговорот е негативен, но во пракса многупати се покажа дека на потенцијалниот партнер гледаме преку „розови очила“.
– Беше прилично злобен кон келнерот и се сомневам во неговите амбиции во животот, но тој е толку убав – е пример за реченица изговорена од девојки подготвени да останат со млад човек по секоја цена, иако се свесни дека тој е не е добар избор за нив.
Однесувањето што го прифаќате на почетокот на врската е однесување што ќе го имате во текот на целата врска. Не излегувајте со луѓе кои сакате да ги промените.
Негувајте ја идејата дека вашата љубов е награда што треба да се освои, а не нешто што другиот треба да го добие „на послужавник“.
Исто така, не се третирајте како помалку вредни само затоа што немате никој покрај себе. Направете листа од пет квалитети што сакате да ги има вашиот иден партнер и држете се до неа.
4. Дозволувате да ве „газат“ другите
Стравот од губење на партнерот доколку барате од него да ве почитува често резултира со останување во лоша и несреќна врска. Не заборавајте – вие заслужувате добро да ве третираат. Ако некој се однесува лошо со вас и ја прекинете врската, што сте изгубиле?
Не поднесувајте работи што не треба да ги поднесувате. Не дозволувајте некој да се однесува лошо со вас. Решете ги проблемите како што се појавуваат. Ако дозволите некој да се однесува лошо со вас, таа личност веројатно ќе продолжи да го прави тоа.
5. Брзате да донесете одлука
Како што вели старата поговорка, ако нешто изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е. Кога ќе сретнете личност која мислите дека можеби е соодветна за вас, не брзајте да донесете одлука за врска. Уживајте во секој момент, дозволете таа личност да ви биде прекрасна и почекајте пред да донесете конечна одлука.
Ако личноста е навистина вистинската личност и ако навистина сака квалитетна емотивна врска, нема да брза – ќе сака добро да ве запознае пред да започне сериозен разговор.