5 промени што ќе ги видите на вашето тело кога ќе престанете да ПИЕТЕ ПИВО

од Vladimir Zorba

Елиминирањето на пивото од исхраната може да има големи здравствени придобивки за организмот, дури и ако не сте страствен алкохоличар кој пие пиво секој ден.

Еве што ќе се случи во организмот кога ќе се откажете од пивото:

Рамен стомак

Редовно пиење пиво може да резултира со зголемување на телесната тежина и пивски стомак. Добрата вест е дека е лесно да се поништи, само престанете да пиете пиво.

Кога ќе се откажете од пивото, го намалувате бројот на калории што ги внесувате во организмот. Исфрлајќи пиво, можете да избегнете и прејадување, имајќи предвид дека алкохолот го отвора апетитот. Покрај тоа, ќе спречите надуеност поради јаглехидратите во пивото.

Пивото, како и секој друг алкохол, може да го стимулира воспалението и да ја наруши рамнотежата на микробите во дигестивниот тракт. Ова предизвикува иритација, што пак предизвикува надуеност.

Подобрена функција на црниот дроб

Црниот дроб е шокантно отпорен орган, но тоа не значи дека треба да го форисирате до крај. Консумирањето алкохол го оштетува црниот дроб, но кога ќе престанете да го пиете, тој се обновува и може да се посвети на своите други задачи – како што се разградување на токсините и метаболизирање на мастите.

Губење на тежина

Со алкохол доаѓаат празни калории, вие не сте полни со нив, но тие сепак ви се „лепат“. Затоа, има смисла да се елиминира алкохолот за да се избегне зголемување на телесната тежина.

Помирен сон

Сите видови алкохол може да предизвикаат проблеми со спиењето. Колку поблиску до легнување пиете алкохол, толку е поголема веројатноста да не спиете добро. Само два алкохолни пијалоци на ден се доволни за да ви го нарушат сонот во следните 24 часа.

Појасно размислување

Откажувањето од пивото може да спречи микрототоксини и тешки метали, кои понекогаш можат да залутаат во пиво за време на производството, да ја нарушат работата на мозокот. Иако ги нема многу од овие елементи и ги нема во секое пиво, има луѓе кои се исклучително чувствителни на нив. Внесувањето на овие елементи може да предизвика главоболки и губење на меморијата, пишува порталот eatthis.com

Слични содржини