Алфа мажите и жените се оние кои го движат светот. Тие се родени лидери, иноватори, тие ги поставуваат новите трендови. Тие се прогресот. Алфа мажите лесно можат да бидат препознаени. Нивното држење, манири, изјави, социјална положба велат дека спроти вас имате една силна личност со принципи. Принципи кои следат и во љубовта. Од што, освен од грижлива партнерка има потреба еден алфа маж во љубовта?
Лојалност
Мажот алфа е лидер . Тој умее да комуницира на високо ниво и за него лојалноста е важна не само во бизнис делата, но и во љубовта. Жената до него треба да е искрена, да нема задни мисли и да умее да биде отворена, кога треба. Една мала лага може да го расипе сето и алфа мажот тешко би простил.
Интелигенција
Алфа мажите се интересни личности и во повеќето случаи се доста интелигентни. Како секој маж тие се привлечени прво по надворешноста, но брзо ја воочуваат површноста. Алфа мажот брзо се оддалечуваат од дами кои не одговараат на неговото интелектуално ниво, кои не се забавни и интересни на некој начин. Сакаат да имаат еднаква партнерка до себе.
Страст
Алфа мажите се движат од страста, од своите желби, потреби, цели и соништа. Светот кој се стремат да го изградат за себе во многу случаи се покажува несоодветен за некои жени. Нивната партнерка треба да биде исто толку страсна , спонтана, за да се почувствуваат на едно друго ниво и за да можат да продолжат да се развиваат како двојка. Во сексот постојано сакаат да експериментираат.
Непредвидливоста
Алфа мажите сакаат да им е интересно во љубовта. Возбудата доаѓа од загатката, непредвидливоста, непознатото во една жена. Жената не смее да се открива целосно уште на самиот почеток на нивните односи. Таа мора да е како мозаик, бидејќи алфа мажот сака да ја истражува личноста.
Самоувереност
Алфа мажот е независен и уверен во себе. Тој го прави она што го сака, кога сака. Затоа во љубовта има потреба од сакана, која ќе биде исто толку независна, со која ќе дејствуваат спонтано, или која не се спротивставува на неговите ненадејни одлуки.
Од друга страна жената до него треба да е одлучна, да може да ја преземе контролата во некои ситуации. Неодлучноста дефинитивно не е секси за овој тип мажи.