5 работи од кои вистинскиот маж треба да се откаже

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Со староста, сметаме дека многу работи се менуваат во нашите животи, често без никакво предупредување. Нашите цели и приоритети се менуваат со годините, нашите желби трпат трансформации. Одеднаш излегува дека дремењето пред телевизорот ни е поудобно од највисокиот стол во ноќниот бар, а гледањето на убав филм се покажува како позабавно од шлаењето по локали со пријателите.a20ceca10d24742bdc1fd8b31a319d2d

Кога ќе го достигнете овој момент е подобро веќе да сте го пронашле човекот со кого ќе ви е пријатно навечер да си седите дома – човек со кого ќе сакате да го изградите вашиот живот и со кого ќе сакате заедно да ја реализирате промената во своите приоритети.

Непријатен дел од промената се изгубените луѓе и нешта од животот, кои долго време биле дел од нашето постоење.

Ако сте маж, кој по секоја цена сака да ја задржи жената со која сте во моментот, за да не се претвори и таа во дел од промената, добро е да сфатите дека ќе треба да се откажете од некои работи во името на заедничката иднина.

А еве ги и 5-те работи кои треба да ги напуштите пред предметната жена да одлучи да ве напушти вас:

1. Лошите навики

Можеби имате навика да трошите пари или не ви треба комуникацијата. Можеби сакате навечер да одите на тренинг или по јадење, наместо да се приберете. Кога сепак ќе најдете соодветна жена, ќе треба да се ослободите од навиките кои на еден или друг начин ја дразнат. Исто така треба да се претворите во вистинскиот за неа маж, ако сакате таа да ве сака и да сака да гради иднина со вас.

2. Потребата да бидете секогаш во право

Во едно партнерство не може секогаш само едниот партнер да биде прав и сè да се одвива на неговиот начин. Тоа значи дека во оваа врска ќе има многу несогласувања и никакви компромиси, што само по себе е погубно. Треба да научите да бидете “пофлексибилен” и да се обидете да погледнете и во перспективата на другата страна. Научете да го ислушате партнерот и да се приспособувате кон нејзиното мислење, ако сакате врската да се развива.

3. Огромното его

Кога еден маж се наоѓа во 20-те години, тој често се мисли за непобедлив и смета дека нема потреба од никого. Вистината е дека има уште многу што да научите за животот и односите. Потоа ќе дознаете дека жената во која ќе се заљубите, ќе ве научи на многу работи и ќе ве развие како личност. Покрај тоа, таа ќе донесе нова перспектива во животот, ќе ве натера да се отворите кон нови искуства. Токму затоа ќе треба да го потиснете огромното его.

4. Вашата незрелост

Може да сте маж, кој долго време избегнувал да презема сериозна, долгорочна посветеност или можеби имате антипатија кон романтиката, бракот и создавање на семејство, но порано или подоцна тоа ќе затропа на врата. Откако ќе ја сретнете најсоодветната жена, ќе треба да се потрудите да изградите со неа здрава, зрела врска која да биде фундамент за иднината. Жените држат до тоа. Тие сакаат партнерство со маж, зрел за светот на возрасните. Ако сакате да бидете дел од оваа врска, ќе треба да се однеусвате мудро и искрено.

5. Вашиот начин на размислување – без планови

Кога сте млади, природно е да не мислите особено често за иднината, туку да живеете повеќе во сегашноста. Ако сте ја сретнале најсоодветната жена за вас, сепак, ќе мора да научите да ја планирате иднината со неа. Тоа ќе бара од вас не само долгорочна посветеност, но и поддршка. Таа ќе сака да може да смета на вас, ќе се очекува да бидете нејзин соиграч во животот и во љубовта.