Да се биде родител е тешка мисија која бара флексибилност во начинот на размислување. Историјата познава примери за педагози со светска слава, кои ја покажале ефикасноста на своите воспитни методи. Во следните редови споделуваме некои совети за родители од Антон Макаренко – психолог, педагог и писател. 
Вашето однесување е дел од воспитувањето на децата
Родителите често забораваат дека воспитувањето на децата не се сведува само на тоа, да учат заедно, да разговараат со нив, да ги учат на основните навики итн.
Начинот на кој комуницирате со другите луѓе, тоа како се грижите за себе, со што се храните, како се однесувате со вашите пријатели или непријатели, има огромно значење за процесот наречен воспитување. Вие сте пример за малите и тие го копираат вашиот модел на однесување.
Бидете чесни
Еден од квалитетите кон кои секој родител се стреми да го образува во децата е чесноста. Со неа секогаш одат и позитивните или негативни емоции. Бидете вистинити и искрени пред децата, нека вашето расположение се совпаѓа со моментот на реалноста, на она што се случува во семејството.
Стремете се да се запознаете подобро со децата
Тоа значи да ги знаете добро нивните навики, со кого се сретнале, што прават, како развиваат односи со своите врсници. Децата треба да знаат како да го препознаат доброто од лошото, треба да се научат да споделуваат, да се советуваат со вас. Затоа пристапот кон нивно запознавање е многу важно, бидејќи малите лесно можат да се дистанцираат од вас. 
Не бидете опседнати
Секој родител сака да им помогне на своите деца, но понекогаш несаканата помош се претвора во нешто досадно и напорно. Оставете ги децата во некои моменти сами да се борат со животот. Научете ги како да се справат со предизвиците со решавањето на комплексните ситуации со најтешките избори.
Бидете до нив, не ги оставајте да се чувствуваат збунети или очајни. Но, кога ситуацијата ќе овозможи, не решавајте наместо нив, на тој начин не им помагате.
Внимавајте со пофалбите и казните
Промовирањето е дел од планот за успешно воспитување на децата. Тоа е потребно за да растат сигурни во себе и во она што може да се постигне. Кога успеваат да ве израдуваат, признанието од ваша страна е најголема награда за нив.
Избегнувајте да ветувате материјална корист. Од друга страна, внимавајте и во оние моменти во кои децата не постигнале задоволителни резултати или според вас не успеале. Казната и стресот нема да ги направи подобри.