Мисијата на секој (вистински) сопственик на домашно милениче е да ги израдува своите крзнени пријатели и да им овозможи да имаат убав и исполнет живот.
Ако некогаш сте се запрашале дали правите се како што треба и дали вашите лојални придружници се среќни, ова ќе ги расчисти вашите сомнежи.
Овие пет знаци покажуваат дека вашите кучиња се среќни:
1. Се вртат на грб и ви го покажуваат стомакот, како знак дека се среќни и ви веруваат.
2. Тие иницираат физички контакт како на пример потпирање на вас, давање шепа и лижење.
3. Лесно заспиваат. Возрасните кучиња спијат околу 16 часа на ден. Ако вашето куче не спие многу, тоа може да биде знак дека е под стрес.
4. Избезумено трчање горе-долу. Истражувањата покажаа дека овие изливи на енергија значат дека се среќни.
5. Меки очи – кога кучето е среќно, има нежен, опуштен изглед и често зјапа во вас.