50.000 полицајци и 7.000 воени лица ги чуваат изборите во Франција

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Французите гласаат денеска на првиот круг за претседател. Битката ќе биде тесна и клучна за иднината на земјата. Повеќе од 50 000 полицајци и жандарми со поддршка на 7 000 војници ќе ги следат за редот и безбедноста.

На изборите се јавуваат 11 кандидати, фаворитите се четворица: републиканецот Франсоа Фијон, центристот Емануел Макрон, десничарската Марин Ле Пен и крајнолевичарски определениот Жан-Лук Меланшон.

Центристот Макрон и десничарската Ле Пен водат во анкетите со 22 до 23,5 проценти. Се очекува околу 47 милиони Французи да гласаат денес. Избирачките места се отвораија во 8 часот и гласањето трае до 19 часот по локално време.

Во некои од поголемите градови е предвидена можност да се гласа до 20 часот. Гласањето се одвива во услови на вонредна состојба, воведена по нападите на 13 ноември 2015 година. Два дена пред изборниот ден маж пука на во центарот на Париз на “Шанз-Елиза” и уби полицаец. Се очекува тоа да влијае на изборот на Французите. Во случај дека никој не добие над 50 проценти ќе има има втор круг – на 7 мај.