Кон крајот на август 2023 година, радио водителката на Power 106, Брајана Мангејн, се здоби со повреди на главата откако раперот 50 Cent ја удрил со микрофон.
Таа имала видлива повреда на главата, потрес на мозокот и болка во левата рака и била пренесена во болница во Лос Анџелес.
Таа сега го тужи раперот за „сериозни и трајни повреди“, се вели во документот доставен до судот, во кој имал увид Page Six. Во оваа прилика, Брајана побарала да биде финансиски обесштетена за минати и идни загуби на плати, за медицински трошоци, како и адвокати.
Инаку, адвокатите на раперот се огласија веднаш по инцидентот и истакнаа дека тој „ненамерно ја удрил водителката со микрофон по глава“.
„Како што ѝ беше кажано на полицијата, мојот клиент никогаш никому намерно не би направил такво нешто“, се зборовите на Скот Лимон.
Да потсетиме, инцидентот се случи на крајот на август минатата година на еден од настапите на раперот кога 50 Cent се изнервира бидејќи не му работел микрофонот и со сета сила го фрлил во публиката.