50% од децата во скопските градинки не се вакцинирани со ДиТеПер вакцина

од Nikola Popovski
232 прегледи

И понатаму трае забраната за прием во градинките на невакцинирани деца со ДиТеПер или нецелосно вакцинирани. Согласно првичните информации, скоро 50% од децата кои посетуваат градинки на територија на град Скопје се невакцинирани.

-Тоа е поразителен факт за ова општество. Во текот на вчерашниот ден, вчера ни ги доставија и списоците со невакцинирани и вакцинирани деца. Оваа акција ќе продолжи и понатаму. Директорите на детските градинки ни дадоа уверување дека ќе ги почитуваат мерките, а ние ќе продолжиме со проверките, изјави Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Укажа дека освен градинките, ќе бидат казнувани и одговорните лица, доколку биде затекнато дете кое е невакцинирано.

Како што додаде, Инспекторатот не издал мерка вакцинирано дете да седи дома 20 дена, а потоа да замине во градинка.

-Тоа е неточна информација. Од никој од надлежните нема таква соопштена мерка, додаде Младеновска.

Околу состојбата во градинките по другите градови, има покриеност со имунизација на ДиТеПер над 95%.

-Очигледно проблемот ни е тука во Скопје, информира директорката.

Слични содржини