500 евра казна за чистење на базен откако муслиманка пливала во него со буркина

од desk3
116 прегледи
Сопственик на приватна резиденција во близина на популарниот француски град Марсеј побарал од муслиманка да плати 490 евра, бидејќи општинскиот базен требало да биде исчистен, откако таа пливала во него, облечена во буркина, пренесува Euronews.
Организација за борба против исламафобијата во Франција објави текст во кој го опишува инцидентот во кој жената на име Фадила, која престојувала во комплексот заедно со сопругот и трите деца, била замолена од вработен да го напушти базенот.
Подоцна сопственикот на резиденцијата се поврзал со сопругот на Фадила и упатил молба жена му да се воздржи од пливање во остатокот од престојот.
Исто така, тој им рекол на двојката дека треба да ја платат сметката за базенот, кој требало да се испразни и исчисти, откако Фадила  пливала во него. Им било побарано и надомест за двата дена, во кој поради чистењето базенот не бил користен.

Слични содржини