500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на водството на Арсовска, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
78 прегледи

Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон. Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на последното соопштение од Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

Од најголемата владеачка партија велат дека дека „реформите се случуваат само во главата на Арсовска – таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, 500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на водството на Арсовска.

Градоначалничката утрово остро му одговори на премиерот Христијан Мицкоски и го нарече „гробарот на јавниот превоз“.

-Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш „патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз, се вели во писмената реакција на Арсовска.

Владата најави дека ќе помогне доколку повторно дојде до недостиг од гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

-Дојдовме до степен каде што имавме ваков застој. Се надеваме како Влада по завршување на набавката дека нема да се случи ваква состојба. Како Влада ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме, кажа портпаролката Марија Митева на денешната прес-конференција во Владата.

Арсовска веќе инфпрмира дека нема да се кандидира за позицијата прв човек на главниот град. Таа обвини, дека ако некој не „игра“ по нивно, тогаш се соочува со блокади и саботажи од страна на градскиот совет, а на тој начин вели одбива да работи.

Хаосот со јавниот градски превоз со месеци го мачи Скопје и повод за кавги меѓу градоначалничката и советниците. Градоначалничката потврди дека не планира да бара нов мандат.

Слични содржини