5000 денари еднократна поддршка за пензионерите во Општина Центар

Герасимовски информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Општина Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.

„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме”, вели Герасимовски.

Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.

Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.