Претседателот на Русија се уште ја има поддршката на 80% од народот. Сепак падот на курсот на рубљата и растот на цените (прехранбени производи, транспорт, лекови) со се поголема тежина притискаат врз плеќите на семејствата.

Во 2016 година беше регистриран пад на потрошувачката. Дали ова значи закана за Владимир Путин, прашува Вадим Каменка на страниците на весникот. “Јуманите”. На крајот на ноември каналите во Санкт Петербург, Северната Венеција, се покриваат со мраз. Ретката појава на сонце ипадот на температурите под нулата на термометрите ги прават овие предпразнични денови особено непријатни. Брзата помош крстосува по градот во потрага на бездомници и пијани, кои можат да умрат на улицата.
“Секоја зима од студ во Санкт Петербург умираат 600 лица, без да се споменат оние на кои морале да и бидат ампутирани екстремитети, и други жртви на студовите.
Сегашната криза воопшто нема да ја подобри ситуацијата, вели санитарецот Григориј. На Невски проспект, во центарот на раскошниот град кој е изграден од Петар Велики во Финскиот залив, се вртат скапи продавници, ресторани и продавници за сувенири. Санкт Петербург не е само туристичка престолнина и главно Балтичкото пристаниште, но и втор по значајност (по Москва) економски центар на земјата. На него не му е проблем да ги избегнува кризата и рецесијата, кои сму го качија товарот на грбот на луѓето.
Неодамнешната вест дека од јануари 2017 година ливчето за јавниот транспорт ќе поскапи за 30% беше прифатена како уште едно предавство. “Како да се справам со сето ова? Тие не ги разбираат тешкотиите. Денес поради падот на курсот на рубљата на мене ми се наметнува да трошам два пати повеќе за истите работи. При тоа, за разлика од цените, платите не растат” , вели Вероника, која со огромни напори успева да преживее со 12-годишна ќерка, а да не зборуваме за прекувремената работа. Таа веќе од 20 година работи во едно претпријатие и не потонува само благодарение на државната помош за деца. Цените на стоките значително се зголемија поради санкциите (на САД, Европа и Канада) и ембаргото. “Тој обезбеди минимумот” Во последните две години намалување на курсот на рубљата (-40%), падот на цените на нафтата (од овој производ се обезбедуваат 50% од буџетските приходи), банкарската криза и намалувањето на потрошувачката станаа причини за рецесијата.
Според информација од Светската банка показателот на рускиот БДП опаднале од + 0,7% во 2014 година на -3,7% во 2015 година Оваа година, како и што се очекуваше, исто така ќе завршат на минус / -1,2% / . Независно од дефинитивно стабилната валута (1 евро: 69 рубли), девалвацијата не беше компензирана од зголемувањето на платите и пензиите.