52 дена нема одговор од Обвинителството за 161 тендер, велат од СДСМ

„Едни исти фирми добиваат милионски тендери а обвинителството молчи и не презема ништо“

од Vladimir Zorba
9 прегледи Основно Јавно Обвинителство/Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 ТВ

„52 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери. Нема одговор за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, нема одговор за 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, соопштија денеска од СДСМ.

„Едни исти фирми добиваат милионски тендери а обвинителството молчи и не презема ништо.

Зошто?

Затоа што судството и обвинителството се целосно поклопени и под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Власта избира нов јавен обвинител под нејзина контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски предлагаат за во Уставниот суд.

И додека институциите не мрдаат со прст за криминалите на ВМРО-ОКГ граѓаните гледаат црна кампања со напади врз предметите на СЈО.

Ова се столбовите на политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во земјава.

СДСМ нема да молчи. Борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ОКГ продолжува.

Работата не е завршена“, велат од опозициската партија во своето соопштение.