Сослушување на судијата Џолев пред Советот за факти и утврдување одговорност на судија

од desk3
96 прегледи

Учество на Меѓународна конференција за судии и недобивање согласност од тогашниот претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски, е причината за сослушувањето на судијата Иван Џолев пред Советот за факти и утврдување на одговорност на судија-јави 24 Вести

Панчевски бара Советот да утврди дали треба да биде поведена постапка за Џолев пред Судскиот совет, додека Џолев тврди дека уредно го известил Панчевски за неговото отсуство.

Џолев бил запишан како дежурен судија за прекршочни предмети во периодот на конференцијата, но доставил известување дека ќе отсуствува и навел и негова замена. Распоредот предвидува судиите да може меѓусебно да се заменуваат, потенцира Џолев пред тричлената комисија на Советот за факти.