„55 години седевме чекајќи во тремот“: СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

од Берта Китинска
351 прегледи

Во Соборниот храм во Скопје, на заедничката литургија, патријархот на српската Православна Црква, неговата еминенција Порфириј ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква, Охридска архиепископија.

„Светиот архиерејски сабор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на МПЦ – ОА, Соборот на Црквата го благословува и го одобрува барањето за автокефалност“, рече г.г. Порфириј.

Синодите на двете цркви се еден чекор понапред кон финализација на законската документација по што ќе се подготви официјалниот акт, рече српскиот патријарх изразувајќи очекување дека сите други црви да го признаат автокефалниот статус на МПЦ.

„Овој денешен свет ден е и бањата Витезда, зашто ни пристапи човек – таткото на православните, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, кој нè спушти во водата, бидејќи не 38, туку 55 години седевме чекајќи во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи за нас!“ кажа поглаварот на МПЦ – ОА, Архиепископот г.г. Стефан.
Честитки од сите страни за автокефалноста

Претседателот Стево Пендаровски, порача дека со одлукатра на СПЦ се исправаат историските неправди.

„ Ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење. Одлуката на Српската православна црква ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија. Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество“, соти во пораката на претседателот Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски кој со владина делегаија присуствува на чествување на словенските просветители во Рим со видео порака им честиташе на граѓаните за големиот успех.

„Голем е денешниот ден, историски кога ги чествуваме светите браќа Кирил и Методиј да ја добиеме и автокефалноста на нашата држава, како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство и духвната величина на древната Охридкска архиепископија и како автентичен дел на македонскиот идентитет“, изјави премиерот.
Се јави и ДУИ со писмено соопштение во кое ја честиташе веста, додавајќи дека одлуката на СПЦ е важна за стабилноста во целиот регион бидејќи става крај на долгогодишниот спор, кој како што велат, создал многу контроверзии кои ги потресуваа темелите на мирот.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи честиташе до МПЦ и до сите верници по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

– Убава вест за Македонците, за сите православни верници, и за сите граѓани на Северна Македонија

Саборот на Српската православна црква (СПЦ) донесе правилна одлука со која ја прифаќа автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), наведува Османи на својата Фејсбук страница.

И за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ова е историски ден. „Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови“, изјави Мицкоски.
Православниот свет за одлуката на СПЦ

Бугарските медиуми главно се воздржани од коментари за автокефалноста на МПЦ-ОА, по првичните остри рекации кога Вселенската патријаршија донесе одлука да ја прими во единство Охридската архепископија со останатите праволавни вркви.

Порталот Новини.бг под наслов „Спрпскиот патријарх ја призна автокефалноста на Македонската православна црква“ дава краток преглед на последните настани меѓу двете цркви, почнувајки од одлуката на Вселенската патријаршија, па се до заедничките архиерејски литургии на СПЦ и МПЦ во Белград и во Скопје. Слична вест објавува и бугарската БНТ.

Веста се пренесе и во грчките медиуми. Грчка Прототема објавува текст со наслов „Српската патријаршија ја призна автокефалноста на Охридската архиепископија“ во кој се пренсува уверувањето на српскиот патријарх дека „и другите православни цркви во светот ќе се согласат да и дадат автокефалност на Црквата на Северна Македонија“.

Слични содржини