ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД Елизабет Харли реши да го помине во потоплите региони. Таа ги почести фановите со фотографија од плажа. Таа позираше во минијатурно леопард бикини и се пофали со фантастичната фигура.
Харли ги воодушеви своите обожаватели со рамен стомак, цврсти раце и витки, долги нозе и јасно стави до знаење дека дури и со 55 години работи на зачувување на својата форма, поради што е позната како една од најатрактивните актерки со децении.
„Телото“, „Проклети добри гени“, „Ти си фантастична“, „Сакам да остарам како Лиз“, луѓето ја опсипаа со комплименти.
Харли обично ги носи своите кучиња на долги прошетки секој ден, прави сквотови и вежба пилатес и јога.
Таа исто така внимава кога станува збор за исхраната, па затоа избира само храна од органско потекло, а денот го започнува со чаша топла вода со лимон, за која тврди дека го забрзува метаболизмот.