Лиз Харли во шестата деценија изгледа „како авион“: Се соблече во бикини и покажа колку е секси

од Vladimir Zorba

Британската актерка Елизабет Харли (55) на социјалната мрежа Инстаграм објави нова фотографија во бикини со дезен на леопард со цел да ја промовира својата линија за костими за капење и по тој повод ги воодушеви обожавателите со својата волшебна линија на телото.

Имено, познатата актерка се сети на посреќните периоди во неделата попладне кога на својот Инстаграм профил објави нова слика од фотосесијата што ја имаше во дводелно бикини ова лето.

55-годишната убавица покажа беспрекорно тело и облини за своите години, а на фотографијата заводливо позира.

– Сеќавања на среќни времиња без корона, на фотографирање бикини на плажа – напиша таа во описот на објавата.

На оваа секси фотографија таа собра над 67.000 лајкови, а обожавателите особено го коментираа нејзиното витко тело, на кое би и позавиделе и нејзините двојно помлади колешки.

Елизабет се приближува до шеесеттите години и се уште има рамен стомак, цврсти гради и задник без целулит, а сите се прашуваат како таа постигнува ваква идеална линија на телото.

Слични содржини