550 нови ковид-случаи од 3029 тестирања

од Nikola Popovski
238 прегледи

Во последните 24 часа направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на коронавирус, информира Министерството за здравство.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 214, Битола – 58, Куманово – 30, Кавадарци – 27, Велес – 26, Тетово – 23, Штип – 22, Прилеп – 19, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Пробиштип – 11, Кичево – 9, Струмица и Неготино – по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7, Берово и Крушево по – 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Македонска Каменица – по 2, Богданци – 1.

Регистрирани сe 390 оздравени пациент од: Скопје – 167, Куманово – 45, Велес – 27, Кавадарци – 21, Тетово и Штип – по 16, Кочани – 15, Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10, Гевгелија – 7, Свети Николе и Крива Паланка – по 5, Кичево, Струга и Валандово по – 4, Радовиш, Виница и Кратово – по 3, Неготино и Богданци – по 2, Пробиштип – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.396.992 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини