На програмата на шестиот ден од протестот пред Владата денеска е презентација на граѓанските организации кои ја претставуваат турската етничка заедница и дискусија на темата „Неостварените права на турската заедница во Македонија“. Во 18.30 часот има обраќања на тема „Збогум Никола“, а ќе зборуваат Оливер Спасовски, Искра Гешоска, Мимоза Ристова и Зоран Бојаровски.
Во 19.30 е музички колаж „Никола, ова е техно“ а ќе настапуваат Горан Кан, Флодер и Андраес ХЗ.
Во 21 часот е театарската престава Упад: „Тендерче, тендерче Вретено“ на театарска група „Оптиририлајлам“ и 22 часот е филмската проекција „Скопје ремикс“ на режијата Борјан Зафировски.
