На ден се поздравувате барем неколку пати, но сигурно не сте размислувале што точно се случува во текот на овој процес. Тој не е само форма на поздравување, туку зад него се кријат многу интересни работи.
Израелски научници пример открија дека голем дел од мажите ја мирисаат раката во рамките на минута, откако се ракувале со некого. “Луѓето не се чувствуваат дека тоа го прават. Сите ние емитуваме разни хемикалии преку кожата. И тие се пренесуваат на другиот за време на поздрав. Потсвесно мозокот добива информација што чувствува другиот – дали е нервозен, среќен – мирисајќи ги овие хемикалии “, објасни Идан Фрумин, еден од авторите на студијата.
Еве и уште неколку интересни факти во врска со ракувањето:
Луѓето почнаа да се поздравуваат, за да докажат дека не се вооружени
Се проценува дека во антиката ракувањето било начин двете страни да ги покажат мирните намери и да го уверат другиот дека не носат оружје. Идејата била на Римјаните, кои често носеле ками во ракавите.
Слабото ракување може да ви ја упропасти кариерата
Кандидатите за работа кои имаат цврст стисок и силно ракување изгледаат посигурни, уверени, способни и решителни, се вели во истражување на Journal of Applied Psychology.
Ракувањето може да направи другите да ви се допаѓаат
Луѓето кои иницираат ракување при средба, се сметаат за попозитивни, бидејќи создаваат чувство на неконфликтно и пријателско расположение.
Ракувањето со лева рака може да биде навредливо
Во многу делови на Азија и Блискиот Исток луѓето ја користат левата рака, за да се бришат по потреба. Значи, ако ги допирате со неа при поздрав, за нив е сериозна навреда.
Пожелно е ракувањето да не трае подолго од 2 секунди
Нема конкретна етикета за тоа колку време треба да се ракувате со некого, но анкетирањето на мажите во Велика Британија покажува дека според нив ракувањето не треба да трае подолго од 2 секунди.