6 нешта со кои му обезбедувате самодоверба на детето

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Секој родител сака и сонува детето да се развива нормално и да расте среќно. Дали сепак сте размислувале колку ние придонесуваме нашето дете да има самодоверба?
Една од најважните работи кои се формираат во раната детска возраст е самодовербата и довербата во родителот.

За да  му потпомогнете на детето и да му ја обезбедите потребната психолошка удобност, ви претставуваме 6 лесни за спроведување препораки на психологот и писател Јулија Гипенрејтер .

Таа советува да ги правите овие работи секој ден со детето, за да го стимулирате и тоа да се чувствува добро.

Еве кои се тие:
1. Да ги поддржувате неговите успеси . Да ги означите сите негови достигнувања, да ги дискутирате деталите од победите, да ги одобрувате неговите активности.

2. Да ги споделите вашите чувства (т.е. да му покажете доверба), и позитивните и негативните.

3. Да користите “добредојде“ фрази во секојдневието. На пример: “Со тебе ми е добро”, “Мило ми е што веќе си дома”, “Ми недостигаше”.

4. Често да го прегрнувате (4-8 пати на ден!). Не е лошо така да се однесувате и со постарите членови на семејството.

5. Да не се мешате во вежбите со кои тој се справува . Дури и ако знаете како да стане безгрешен, не брзајте со совети и помош.

6. Да помагате кога ќе ве помоли.