Повеќето луѓе имаат тенденција да сонуваат за чудесни искуства, особено во љубовен план. Токму за тоа тежнееме да го преувеличуваме значењето на некои искуства во нашите односи со партнерот, поставувајќи ги излишно на пиедестал.
Овие искуства во врската често не се толку возбудливи и необични колку што се обидуваме да ги изнесеме.
Еве и кои се 6-те преценети работи во повеќето односи:
1. Првиот бакнеж
Често првиот бакнеж со партнерот не е толку возбудлив како што ни се случува да раскажуваме. Во почетокот, кога две лица се уште не се познаваат добро и не се навикнати еден со друг, бакнежот може да е чуден на вкус и мирис, и да не е како од бајките.
2. Првите неколку состаноци
Многу често првите неколку средби на една двојка се неудобни, не особено возбудливи или речиси неуспешни. Можно е на првите средби да сте се виделе во блиското кафуле и да сте воделе здодевни или сосема банални разговори, но потоа да дознаете дека тоа е човекот со кого сакате да го поминете вашиот живот.
3. Првата ноќ заедно
Првата ноќ заедно е навистина многу преценета. Слично на првиот бакнеж и таа често е непријатно искуство за партнерите. Поврзана е со тешко симнување на градникот, со заплеткување на прстите и нозете, со непожелно потење, итн. Целиот концепт за неверојатно, супер романтично доживување на првата љубовна ноќ е заштитен знак само за филмовите.
4. Тезата за сродните души
Многу луѓе сакаат да сонуваат дека еден ден ќе се сретнат сродна душа и со неа ќе заживеат среќно до крајот на животот. Тоа е прилично сериозна заблуда, карактеристична само за романите. Во вистинскиот живот секоја врска бара бројни компромиси и мазнење на куп разлики со т.н. “сродна душа”.
5. Свадбената вечер
Многу често свадбата не е тоа искуство што младоженците го очекувале, но тие едноставно не сакаат да го признаат тоа. Можно е целата церемонија и целиот ден да биле напнати и да им се наталожил доста стрес на вљубените. Згора на тоа да не заборавиме дека свадбата е гласна манифестација, полна со љубопитни пријатели, досадни роднини и многу … алкохол.
6. Меден месец
Одморот по склучувањето на бракот треба да е № 1 за романтика, но тоа не е секогаш така.Често тоа е туристички одмор, во времето на кој младоженците дури наоѓаат време да се скараат за дестинација, де за хотелот, Facebook, за храната или за тоа каде и што да прави.