Ако одамна чекате да ja сретнете љубовта, но тоа сепак не се случува, можеби причината е во тоа што немате време за сериозна врска.
Можно е да не сфаќате дека сте премногу зафатени со кариерата или дека се сте уморни навечер и не ви се излегува, и дека токму затоа си останувате сингл.
Еве и неколку знаци кои покажуваат дека сте премногу зафатени за љубов во моментов:
1. Немате време да излегувате навечер, дури и за време на викендот
Ако секоја вечер се прибирате од работа директно дома, како очекувате да имате бурен љубовен живот? Неврзаните луѓе кои се исклучуваат од социјалниот и ноќниот живот, имаат мали шанси да сретнат некого во љубовен план. Дури и да сте изморени во петокот вечер, натерајте се да излезете со пријателите во некој локал, не се знае со кого можете да се судрите.
2. Патувањето е синоним на рутина за вас
Можно е да немате време за љубовен живот, ако работата ви е поврзана со многу патувања, а кога сте дома, поминувате време во средување на багажот од и за овие патувања. За да се изгради сериозна врска со потенцијален нов партнер, ќе ви треба одредена стабилност и ќе треба да намалите со предметните патувања.
3. Не можете да си дозволите да поканите човек во својот дом
Можно е да се срамите од неуредниот дом, да не сте многу гостопримливи или да живеете со роднини / цимери и затоа да не го водите потенцијалниот дечко/девојка дома.Сепак, ова е проблем, бидејќи така и нема да успеете да се зближите премногу со ниту еден од луѓето со кои излегувате на состаноци и работите ќе се распаѓаат уште на почетокот.
4. Мислите повеќе за трошење на пари, отколку за љубов
Можно е да сѕе способен работохолик и толку многу да сте се фокусирале на работа, што не забележувате дека таа зема надмоќ над личниот живот или дека воопшто немате таков.Уживајте во својата кариера, но не престанувајте да се трудите за нова љубов!
5. Сте преживеале тешка разделба
Некои луѓе почнуваат да се плашат од создавање на врска, ако преживеале големо љубовно разочарување во минатото. По грда или тешка разделба човек има потреба од време за да се ослободи од негативните емоции, пред да се потопи во друга врска.
6. Се однесувате премногу нарцисоидно
Ако сте само-доволна и егоист, можно е никогаш да не сте целосно подготвени да се заљубите во друго човечко суштество вистински. Погледнете во себе и замислете дали срцето ви е подготвено да се отвори за љубов.