6 работни места што ќе исчезнат за 10 години

од desk2
57 прегледи

Ако сте во фаза на избирање кариера во вашиот живот, имајте предвид дека некои работни места ќе исчезнат за 10 години. Технологијата и културните навики ќе направат дел од работните места да не се потребни повеќе и да исчезнат.

Ви донесуваме шест работни позиции кои во иднина нема да бидат потребни:

Касиер/ка
Со воведувањето на самопослужување, односно автоматизирани каси, со читачи на бар кодови, а на карај вие само ја поминувате вашата картичка, потполно исчезнува потребата од касиер кој би наплаќал за купените производи.

Телемаркетинг
Луѓето повеќе не користат фиксни телефони како порано, па со тоа исезнува и можноста за телемаркетинг, каде се нудат најразлични продукти за купување преку телефон. Сега луѓето комуницираат преку маил или порака. Затоа пак во пораст е е-маил маркетингот, за кој пак не ви требаат толку продавачи како за телемаркетингот.

Туристички агенти
Со развојот на интернетот и букирањето онлајн поевтино и побрзо е да уплатите и да заминете на патување, отколку преку туристички агенции.

Таксист
Апликациите за делење на возило при одредени дестинации стана нормален начин на превоз. Барањето такси служба ќе биде непотребно со подемот на аплијациите со GPS технологија. Таксистите ќе треба да најдат начин да се развиваат со новиот тренд.

Издавачи и печатари
Не е изненадување ако се каже дека печатачката индустрија избледува. Се повеќе читатели користат дигитални верзии за читање вести, забава, па и книги. Издавачките компании мака мачат да држат чекор со времето. Овие компании полеча исчезнуваат за да им направат место на новите компании со дигитални медиуми.

Поштари
Со подемот на технологијата и е-меил комуникацијата, потребата за поштари се намалува. Со појавата на приватни компании кои доставуваат пакети во цел свет, класичната пошта изумира.