6 секс тајни кои жените би сакале партнерите да ги знаат

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Ако се прашувате што е погрешно во сексуалниот живот и зошто таа се однесува малку чудно, додека вие го обожувате секој сантиметар од нејзиното тело, читајте внимателно. Еве и кои се 6-те секс “тајни” кои жените би сакале партнерите да ги дознаат:2533192f8ee2cef03822f1b2d1142cc2

Добриот разговор е одличен афродизијак

Многу жени го сметаат разговорот за предигра и возбуда. За нив тој значи дека интересот е вистински и ги тера да се чувствуваат сакани и разбрани. Приказните ом помагаат да се опуштат и ги предиспонираат кон интимни бакнежи. Кажете ѝо неколку мили зборови, ндадете ѝ комплимент или само споделете колку е важна таа за вас и колку ја сакате, пред да преминете кон љубовниот напад.

Многу жени се загрижени за својот изглед

Суетната природа на жените често ги тера да се однесуваат здрвено во кревет. Тие постојано се загрижени како изгледаат, дали ќе им ги забележите недостатоците и тоа ги спречува да се опуштат и да уживаат во задоволството. Ако ви се допаѓа покажете ѝ со ласкање и со зборови дека ја сметате за многу атрактивна и дека ја сакате токму таква каква што е.

За жените сексот не е посебен дел од нивниот живот

Кога мажот ќе се возбуди (а кај него се случува често и од многу фактори), тој заборава моментално за околниот свет и проблеми. Да, крвта од мозокот слегува во “долната глава”. Стресот и психичкиот напон сепак влијаат на желбата на жените за секс и затоа тие не можат како вас да “влезат во расположение” за секунда. Неопходно е да ѝ се додворува голиот маж, за да дојде на вашата бранова должина.

Оргазмот не е задолжителен

Мажите секогаш гордо се тупкаат во градите, ако ја донесат партнерката до оргазам. Спротивниот случај, пак, ги тера да се сомневаат во сопствените способности на добар љубовник. Женскиот оргазам е нешто прекрасно и препорачливо, но не е 100% загарантиран. Значи не правете сцени, ако се случи да таа не заврши. Има жени кај кои тоа се случува многу тешко и такви кои буквално не можат да го достигнат. Ова не значи сепак дека сексот за неа е лош … ниту дека не треба да дадете сѐ од себе за да ја предизвикате до оргазам.

Жените не сакаат секој допир да е сексуален

Тие сакаат романтика, да им покажете дека ви е грижа за нив. Затоа не ја допирајте и не ѝ шепкајте нежни зборови, само кога сакате да ја однесете во кревет. Тоа ја прави да се чувствува искористено.

Милување по секс е важно

Многу жени се жалат дека по секс партнерот моментално заспива. Причината е дека за време на актот нивото на ендорфини во машко тело се многу високи, а по ејакулацијата нагло опаѓа. Кај дамите овој процес е бавен.

Ако партнерката не го знае тоа, објаснете ѝ го, за да не го прифаќа однесувањето како лична навреда. По сексот гушнете ја нежно и оддадете се на природната дремка за неколку минути. Потоа таа нежно може да ве разбуди и да продолжите да се релаксирате заедно.