Здравата и умерена исхрана и редовните вежби се клучот за здравјето и убавата фигура.
Сепак за да проработат се бара некое време.
А во меѓувреме може да ги примените следниве трикови за да го прикриете вишокот салце и да изгледате послаби и привлечни во очите на спротивниот пол.
Поситни шари
Не само што шарите привлекуваат несакани погледи и прават да изгледате како кловн, но и го фокусираат вниманието врз недостатоците. Обложете се на поедноставни и мали дезени, во кои погледот се замаглува и не истакнуваат (не) намерно делови од телото кои не ги сакате.
Темни бои
Дамите знаат најдобро! Темните бои оптички намалуваат . Затоа, ако имате вишок килограми за криење, не се обложувајте на беж, резеда, светло сино или сива, туку на црно, кафеава / зелена / сива / сина.
Не гледајте кон плисираните панталони
Плисето во областа на половината и препоните е додадена ткаенина која нежно подигнува. Избегнувајте слични кроеви со збрчкани елементи.
Не ја ставајте внатре кошулата
Носете ја кошулата врз панталоните / фармерките. Внимавајте сепак за следново: таа не треба да е предолга и да ви стои како блузон; треба да е со прав крој; да е од материјал кој не се растегнува и во никој случај не ставајте одозгораелеци, џемпери и т. н.
Помалку копчиња
Ако имате стомак, храбро бирајте облека, која има помалку копчиња. Сите копчиња ја истакнуваат силуетата! Носете ги кошулите со раскопчани горни 2-3 копчиња, ако околностите тоа го дозволуваат. Тоа визуелно прави облеката да изгледа слободна и го отвора горниот дел, што пак го прави телото посиметрично.
Заборавете на контрастот
Намалете го до минимум контрастот помеѓу горниот и долниот дел од телото. Панталони каки и темна кошула, ќе ви го пресечат торзото на половина. Истата кошула со сиви панталони сепак ќе ве издолжи оптички.
Истото е со додатоците – црн појас, особено со голема тока, на светли панталони, буквално го сече телото. Избирајте минималистички додатоци и тоа во тонот на облеката.