Остануваат уште 45 дена до почетокот на Евровизија и 39 земји од Европа ќе се борат за што подобар пласман на натпреварувањето.
26 земји ќе се натпреваруваат во финалето, со десет земји кои одат во финале од секоја полуфинална вечер. На шест земји им е загарантиран влез во финалето, иако некои од нив не се фаворити на обложувалниците и немаат премногу симпатии од публиката.
Ако сте забележале дека Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија и Италија се секогаш во финалето – тоа не е поради публиката или квалитетот на песната, туку заради правилата на натпреварот. Така ќе биде и оваа година.
Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија и Италија се нарекуваат пет големи земји и според правилата секогаш одат директно во финалето. До 2000 година, во оваа група имаше четири земји, а откако Италија се врати на Евровизија по пауза од 14 години, тие се нарекуваат Голема петорка и тие се најголемите финансиски соработници на ЕБУ, Европската радиодифузна унија, која го организира натпреварот.
Шестата земја која директно се пласира во финалето е земјата домаќин, а оваа година е Холандија.
Големите пет земји кај обложувалниците оваа година навистина не блескаат. Освен француската претставничка Барбара Прави, која е една од фаворитите и Италија, која е на 5-то место на обложувалниците, на публиката не и се допаѓаат останатите.
Во моментов Шпанија е рангирана на 36-то место на обложувалниците, Велика Британија е на 22-то, додека Германија е на 32-то место. Домаќинот Холандија нема голема поддршка ниту од публиката и е на 28-то место во сегашниот поредок на букмејкерите за победник.