Интелигенцијата не секогаш се изразува во форма на академски знаења, писменост и остар јазик. Таа може да се открие и во специфични вештини, талент или дури атлетски перформанси. Интелигенцијата е комплексна, што значи дека е во сопственост на многу повеќе луѓе отколку што мислите.
Луѓето често мислат дека не се доволно паметни, бидејќи не спаѓаат во одредена категорија. Тоа сепак не е точно! Постои веројатност да се потценувате, што не е убаво! Еве 6 знаци кои ќе ве уверат дека сте попаметни отколку што сте си мислеле и ќе ви ја вратат самодовербата.
1. Самокритични сте
Едно од најпознатите иритирачки нешта за вас е да не разберете нешто. Обично сè ви изгледа лесно (бидејќи сте паметни) и кога нешто ви промакнува, почнувате да се сомневате во својата интелигенција. А самиот факт дека тоа го правите е индикација дека сте доста поспознајни и љубопитни од повеќето луѓе.
2. “Во час” сте со новостите
Вие не само што ја следите модата, туку сакате да сте информирани за сè. Затоа погледот постојано ви шара во онлајн просторот во екранот или во околната средина. Ова ви дава многу богата заедничка култура и способност да реагирате соодветно на секакви теми.
3. Неразбрани сте
Можеби чувството за хумор ви е чудно или премногу иронично … но постојано ви е потребно да се објаснувате на останатите. Вината не е ваша, едноставно тие ги немаат вашите знаења и дух.
4. Пријателите ви се паметни
Паметните луѓе се опкружуваат од себеподобни. Ако ги сметате пријателите за умни, начитени и интелигентни, очигледно и вие може да бидете категоризирани така. Инаку што ли би комуницирале со вас?
5. Ригорозни сте
Најмногу кон себе! Сите очекуваат големи нешта од најпаметните луѓе. Дури и како деца, тие се доведени во понапредни групи и курсеви и растат со претставата дека треба да се изгради нешто значајно. Тие секогаш имаат грандиозни планови (без разлика дали за колеџ, семејната куќа или одморот од соништата).
6. Ви се допаѓаат игрите
Повеќе интелигентни луѓе ги сакаат игрите, бидејќи треба да ги решаваат и тоа им го буди тркачкиот дух. Игрите го будат мозокот и го предизвикуваат интелектот.