60% од студентите ги подигнале платежните картички за субвенциониран студентски оброк

од Nikola Popovski
275 прегледи

Согласно информациите од Шпаркасе Банка, партнер на Министерството за образование и наука во реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, досега околу 60% од студентите кои ги исполниле условите за остварување на ова право, ја подигнале наменската платежна картичка преку која единствено можат да се користат средствата кои им следуваат.

Министерството за образование и наука упатува апел до сите останати студенти кои сè уште не постапиле согласно дадените насоки, да го сторат тоа поскоро. Потребно е задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal. 

-Потоа, ќе добијат информација преку СМС за точното време (најрано 24 часа од моментот на ажурирањето на податоците) и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк.

Средствата во износ од 140 денари дневно ќе можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, порачуваат од МОН.

Оттаму потсетуваат и дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Слични содржини