Генералот е убеден дека ” Русија е најголема закана ” од сите држави со кои се соочуваат САД. Тој исто така ги  посочи и земјите како Северна Кореја, Иран и Кина.

Според него, “Русија има најголем потенцијал во воената сфера”.

Денфорд рече дека Москва има нуклеарен потенцијал и може да дејствува во сајбер-просторот.

Но според зборовите му САД не можат да се “концентрираат само на една закана”. Тој е убеден дека Северна Кореја претставува закана на која треба да се одговори итно. Вашингтон не исклучува воена акција против Северна Кореја, според генералот,  тие појаснуваат дека не е “незамисливо” да се дејствува со сила.