Малиот се родил на 7 април.

Шеесет и четири годишниот американски актер Џеф Голдблум по втор пат стан татко.
Неговата сопруга Емили Ливингстон ја соопшти добрата вест на социјалните мрежи, на која заедно позираат со новиот член на семејството.
“Не можеме да поверуваме дека тој веќе има една недела! Џо се роди на 7 април во 08:53 часот. Чарли е океан на нежност и се грижи одлично за братчето си. Не можеме да бидеме посреќни! Ги сакам моите момци! “, напиша Емили.
Постариот син Чарли веќе има речиси две години.
Голдблум и партнерката се заљубија при крајот на 2011 година, а 3 години подоцна се венчаа. Емили е 30 години помлада од актерот и се занимава со ритмичка гимнастика.