67 илјади странски туристи ја посетиле земјава во октомври

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2023 година изнесува 94 165, од кои 28.9 % се домашни туристи, а 71.1 % (67 илјади) се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2023 година изнесува 187 272, од кои 36.7 % се од домашните туристи, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 38.6 %.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 23.5 %.

Слични содржини