Потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денес најави дека државата ќе им помогне на граѓаните и стопанството да ги надминат последиците од енергетската криза, за што веќе постојат конкретни мерки и средства во Буџетот.
-60 милиони денари се насочуваат за субвенционирање на сметките за струја на околу 7.500 семејства од ранливите категории. Во Буџетот предвидени се средства за конкретни антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството, мерки што ќе реализираат во текот на оваа година, посочи Лукаревска додавајќи дека растот на цената на струјата од 9,48 отсто е далеку пониско од оние првични проекции и далеку пониско од поскапувањето на електричната енергија во многу други држави во Европа.
Струјата од 1 јануари поскапе за 9,48 проценти, а се укина и дневната ефтина тарифа за струја. Ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела ќе останат.