Дури и најуспешните луѓе треба да се потрудат за да го изградат животот од соништата, како во канцеларијата, така и дома.
Колку и да си ја сакате работата, од време на време морате да направите некаков баланс со возбудливи викенди, за да се почувствувате задоволни од својот живот. Односно, треба да имате и личен живот за да почувствувате радост на професионален план.

Тоа е совршена комбинација за среќа и успех, која можете да ја подобрите и преку следниве 7 практични совети:
1. Утвредете го она што ви пречи на работното место
Првиот чекор кон посреќен живот е да признаете дека во секојдневноста, особено во вашата работа, постојат работи што треба да подобрите. Обидете се да го идентификувате она што ви пречи, што ви е здодевно, што ве оптоварува и што ве тера да се чувствувате дека заостанувате. Потоа пресметајте какви промени може да направите за да ги решите проблемите на професионален план.
2. Не ги задржувајте лошите емоции во себе
Ако чувате гнев или фрустрација во душата, вие нема да бидете продуктивни во канцеларијата, ниту пак ќе бидете пријатно друштво во личниот живот. Затоа најдете начин да се ослободите од лошите емоции, дури и ако треба да ги споделите со пријателите, со вашата мајка или со партнерот. Ова ќе ви помогне да дознаете што ве прави незадоволни. Ако е потребно, направете и список на нештата кои ви оделе на нерви, ве разлутиле или ве натерале да се чувствувате немоќни и обидете се да најдете решение како да се справите со нив.
3. Престанете да се чувствувате виновни за тоа што имате личен живот
Многу луѓе се чувствуваат виновни дека си заминуваат од канцеларијата точно во 16:00, за да поминат повеќе време со семејството и пријателите, додека другите нивни колеги остануваат прекувремено. Ако си ја вршите квалитетно вашата работа во рамките на работниот ден, не треба да чувствувате вина дека ја напуштате канцеларијата на време.
4. Не се чувствувајте виновни дека си угодувате
Нема ништо лошо во тоа, ако имате финансиска можност да се задоволите со нешта што ги сакате – со предмети и облека, со спа третмани, со билети за концерти и сл. Трошење пари за работи кои ве прават да се чувствувате добро, не е само остварување на желбите, туку и начин да се мотивирате да работите уште понапорно за да можете да заработите повеќе пари.
5. Не се плашете да побарате помош кога ви е потребно
Понекогаш луѓето се премногу горди и не се осмелуваат да побараат услуга или помош, па наместо тоа се мачат сами да се справат со неиздржливи потфати (било да е тоа во работата или во приватноста). Ако сакате да го направите вашиот живот полесен, едноставно не се двоумете да побарате помош кога ви е потребно.
6. Претворете ги вашите хобија во приоритет
Тоа што работите со полно работно време и имате семејство, не значи дека треба да се откажете од вашето омилено хоби. Ако нешто или некаква активност ви носи вистинско задоволство, направете го тоа приоритет и ќе бидете посреќен човек.
7. Одмарајте се редовно
Не се откажувајте од одмори и празници заради работата, бидејќи ризикувате да се преоптоварите. Паузите и одморите му помагаат на човекот да го си го разбистри умот, да му се врати творечката мисла и енергијата. Па не заборавајте да ги искористите предностите на платениот одмор!