Деца на седум ги користат социјалните медиуми за да споделат сексуалните пораки, фотографии или видеа, покажува новото истражување објавено во “Индипендент”.
Повеќе од половина од анкетираните наставници велат дека знаеле дека учениците ги користат социјалните мрежи за “секс пораки”, покажува истражувањето на Сојузот на наставниците во Велика Британија.
Една четвртина од 1300 анкетирани професори се свесни дека и најмалите ученици комуницираат со луѓе од спротивниот пол и изразуваат отворено сексуални желби.
Еротските пораки се најмногу карактеристични за ученици од 13 до 16 години, но често се среќаваат и кај оние помеѓу 7 и 11-годишна возраст.
Најчесто децата се сликаат голи со телефони и ги испраќаат сликите на луѓе кои сакаат. Експертите алармираат дека ситуацијата се влошува и треба да бидат преземени мерки.