7 лица ја загубија битката со Ковид-19

од Nikola Popovski
200 прегледи

Според дневниот извештај на Министерството за здравство, пријавени се вкупно 7 починати лица од коронавирус во последните 24-часа.

Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,74г) и Кичево (71г, 51г) , и по 1 пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г). Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Слични содржини