7 мудри совети за внуката од баба

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Секое семејство има свои традиции, обичаи, кои ги почитува. Мудрите совети на постарите родители се едни од нив. Дали се сеќавате на некои од мудростите што вашата баба ви ги предала? Убаво е почесто да си ги поприкажувате во убави и лоши моменти, кога се подготвувате за промена во својот живот, кога сакате да креирате семејство. Во следните редови ќе видите 7 непроценливи совети на една баба кон нејзината внука.

1. Никогаш не се расправај со својот сопруг пред децата. Така нема да те почитуваат ниту тебе, ниту татко. Кога децата ќе престанат да ги почитуваат своите родители, престануваат да ги слушаат и тоа предизвикува проблеми.

2. Никогаш не го командувај својот сопруг. Подобро направи така што тој сам ќе побара да се направи она што е потребно.

3. Чувајте го мирот во домот. Научете да си простите и да се помирите. Кавгите, навредите и грубоста го уништуваат семејството. Мирот во семејството е најскапото нешто.

4. Не го средувај домот кога си во лошо расположение. Ова ќе предизвика уште поголема збрка.

5. Не плаши се и нека не те фаќа мрза, туку учи. Добро образованата, воспитана и интелигентна жена, има добро образовани и воспитани деца. Најпаметните деца обично имаат голема иднина и убаво семејство.

6. Не љубомори, љубомората го уништува семејството. Ако твојот маж те сака, нема да се промени. Кога ја има љубовта и почитта на својата сопруга, тогаш мажот нема да погледне настрана.

7. Секогаш  подготовувај вкусна и убава на изглед храна. Сопругот не е животно.

8. Главната работа во семејството – почитта еден кон друг. Ако има почит, ќе има и љубов.