7 намирници кои ја намалуваат надуеноста

од Vladimir Zorba
525 прегледи

Надуеноста е феномен кој речиси секој човек некогаш ја почувствувал и ќе се согласите дека тоа воопшто не е пријатно чувство. Покрај дехидрацијата, најголем виновник за надуеноста е и погрешниот избор на храна.

Оваа состојба се карактеризира со непријатно чувство во стомакот, поради што е тврд и надуен после јадење. Некои намирници го зголемуваат чувството на надуеност во стомакот, но има и такви кои ќе ви помогнат да ја елиминирате таквата појава.

За да го спречите ова непријатно чувство, би било препорачливо секојдневно да консумирате една од овие намирници:

1. Јогурт

Пробиотските бактерии кои се наоѓаат во јогуртот го одржуваат здрав дигестивниот систем, што ја намалува надуеноста и гасовите. За рамен стомак, нутриционистите препорачуваат секојдневно консумирање обичен или грчки јогурт.

2. Бадеми

Доколку чувствувате подуеност, би било препорачливо да грицкате бадеми, но внимавајте да не се солени, бидејќи солта поттикнува надуеност. Бадемите се богати со витамин Е, кој е одличен за младешки изглед на кожата, а богати се и со протеини и омега 3 масни киселини.

3. Целер

Целерот содржи многу вода која му помага на телото да се исчисти од токсините. Се покажа како одличен диуретик и борец против надуеност, па нутриционистите често го препорачуваат за да се реши овој проблем.

4. Зелен чај

Тој е природен антиоксиданс кој е одличен за здравјето на целиот организам, а е и благ диуретик, па може да помогне во ублажување на надуеноста.

5. Банани

Бананите имаат најголема количина на калиум – минерал кој помага да се ослободи телото од гасови. Калиумот е одличен за отстранување на проблемите со надуеноста, но и за регулирање на внесот на натриум.

6. Аспарагус

Аспарагусот има пробиотик ефект кој го стимулира варењето и ги чисти цревата. Во 100 грама аспарагус има само 35 калории, па можете да уживате во тој специјалитет колку што сакате.

7. Кафеав ориз

Поради скробот и влакната што ги содржи, оризот лесно се вари и му помага на желудникот да ја врати својата „нормална“ форма. Она што го прави кафеавиот ориз толку добар избор е фактот што ве заситува и ја намалува потребата за храна.

Слични содржини