7 работи кои родителите често ги прават и со тоа ненамерно ги оддалечуваат децата од себе

од Vladimir Zorba
450 прегледи

ПОНЕКОГАШ дури и наједноставното прашање како „како ти помина денот? може да го натера вашето дете да не сака да биде близу вас.

Постојат неколку работи кои родителите ги прават и на тој начин ненамерно ги оддалечуваат децата од себе.

1. Дозволувате вашето расположение да влијае на вашиот однос со детето

Ова не значи дека треба да ги криете емоциите од вашите деца, туку треба да бидете свесни како да управувате со нив и да се обидете да најдете начини за подобро справување со стресните моменти. Иако мислиме дека децата се премногу мали за да препознаат како се чувствуваме, тие можат да бидат многу чувствителни на расположението на нивните родители.

Постојаниот стрес може да предизвика бурна реакција кај децата, а долгорочно може да ги оддалечи од вас. Одвојте време за себе и дајте им ја на децата потребната емоционална поддршка.

2. Правите нешто друго, додека вашето дете се обидува да ви каже или покаже нешто

Децата не се секогаш расположени за разговор. Но, кога ќе дојдат кај вас, им треба вашето целосно внимание. Во спротивно, ќе мислат дека не ви се приоритет и дека не ви се важни, што може да ги наведе да ги задржат емоциите за себе.

Затоа, кога вашето дете ќе дојде кај вас со нешто важно што сака да ви го каже, престанете со она што го правите, воспоставете контакт со очите и целосно вклучете се во разговорот.

3. Упорно ги прашувате за нивните проблеми

Постојаното испрашување на детето за тоа што го мачи може само да го направи нервозно и да го натера да сака само да ги реши своите проблеми. Сите ние се справуваме со стресот на различни начини, а нашите деца не се исклучок.

Затоа, наместо да го принудувате вашето дете да ви каже нешто што не сака, обидете се да му поставувате помалку директни, ненаметливи прашања.

4. Не ги сфаќате сериозно проблемите на вашето дете

Сфатете ги сериозно вашите деца, дури и ако нивните чувства или реакции ви изгледаат глупави. Наместо да ги задевате, споделете го сопственото искуство за да им помогнете подобро да се справат со проблемот.

5. На други им кажувате нешто, што вашето дете ви признало

Ако им кажете на пријателите или семејството нешто што вашето дете ви кажало во доверба, можете да ги натерате да ги кријат своите тајни од вас. Не треба да споделувате премногу такви информации бидејќи тоа може да ги повреди децата и да ги направи вознемирени.

6. Ги испрашувате како го поминале денот

Кога децата се преоптоварени и уморни, им пречи да ги прашувате како го поминале денот. Дајте им време да се одморат и сами ќе дојдат кај вас.

Ако не ви се отвораат, обидете се да им поставите прецизни прашања за нивниот ден, на пример, прашајте ги кој ги насмеал на училиште. Друг начин да ги вклучите во разговорот е прво да им кажете како поминалвашиот ден.

7. Станувате строги кога покажуваат знаци на независност

Нормално и здраво е децата да бараат поголема слобода. Кога тоа ќе се случи, родителите обично го доживуваат како недостаток на почит или како губење контрола над своите деца и стануваат построги. Наместо да го правите ова, дозволете им на вашите деца сами да направат некои правила и да внимаваат како управуваат со одговорноста. Кога вашето дете ќе види дека му верувате, веројатно ќе покаже позрела и поодговорна страна што не сте ја виделе досега.

Слични содржини