362
Седумдесет-годишен дедо влезе во „Гинис“ со неверојатна победа во боксот. Алберт Хјуз го нокаутираше 43-годишниот Тремеин Таунс. Со успех, ветеранот го сруши рекордот за најстар професионален боксер. До сега тој му припаѓаше на Стив Ворд, кој во 2017 година се бореше на возраст од 60 години и 337 дена.
Дебито на Хјуз кај професионалците беше во 1975 година. Тој редовно боксуваше до 1979 година, а потоа неговите мечеви се намалија. Тој последен пат боксуваше во 1983 година, но сега реши да се врати 36 години подоцна.
Во својата кариера Хјуз има 11 победи, 7 порази и 4 реми.