394
Можат да здивнат во Реал Мадрид. Нивниот играч Марсело ќе може да игра утре на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Тој беше избран по случаен избор за набљудувач на изборите во Мадрид и не можеше да замине во Лондон со тимот, но „се повлече“ со помош на една баба.
Според шпанските медиуми, во 10.30 часот кога Реал требало да патува за Лондон, дошла 70-годишната баба и го заменила фудбалерот.
Бабата е новиот херој на Реал Мадрид, бидејќи во случај Марсело да остане, клубот прво ќе мора да издвои дополнителни средства за приватен лет, а потоа е прашање дали тој би можел да излезе на терен истиот ден кога тој ќе пристигне во Лондон.
Полуфиналната пресметка од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Челси се игра утре од 21 часот.