702 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле 2 примени нови болни, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 62 болни.

Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Слични содржини