73-годишник фатен дома со оружје и дрога

од Nikola Popovski
162 прегледи

На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево.

При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.

Слични содржини