Ретроспективна изложба на Ѓорѓи Здравев во КИЦ

од Vladimir Zorba
557 прегледи

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2, четврток, 3 мај 2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори ретроспективна изложба на Ѓорѓи Здравев (1941 – 2007 ).

На ретроспективната изложба ќе бидат презентирани цртежи и скици за филмска, телевизиска и театарска костимографија, како и неколку костими – експонати од богатото творештво на овој реномиран уметник, костимограф, етнолог, професор.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2018 год.