7433 македонски државјани излегле преку „Богородица“ до 12 часот

од Nikola Popovski
144 прегледи

Во период од 00:00 до 12:00 часот денеска излез од граничниот премин „Богородица“ оствариле вкупно 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски, а 2.195 се странски државјани, информираат од Полициската станица при Граничниот надзор.

Во текот на вчерашниот ден вкупно 9.239 патници оствариле излез од ГП „Богородица“, од кои 5.785 се македонски, а 3.454 се странски државјани.

На овој граничниот премин нема поголеми задржувања, односно како што информираат се чека околу 30 минути.

На граничниот премин „Стар Дојран“ во период од 11:00 часот на 7 септември до 11:00 часот денеска излез оствариле вкупно 2.390 патници, од кои домашни 1.873 и странски државјани 517.

Задржување на ГП „Стар Дојран“ за излез од државата е околу 15 минути.

Слични содржини