Зимата веќе е тука, иако летото е во полн замав. Не, не нè фатила сончаница за да тврдиме слични нелогичности, но пак сме инспирирани од премиерата на првата епизода од седмата сезона на Game of Thrones, да ви покажеме домови низ целиот свет, во кои ќе се почувствувате како Џон Сноу или пак Церсеј Ланистер. Видете ја специјалната селекција на Airbnb.
Кралски одмор во вилата на Церсеј
Оваа вила би била исклучително погодна за Церсек и во тоа нема ништо изненадувачко. Од балконите и терасите се открива неверојатна глетка кон непристапната тврдина Ловриенац и ѕидините на Дубровник. А тоа значи дека можете да гледате како владеат во секое време од денот и ноќта.
Но можете да го најдете и она што ќе ве растовари од постојаниот напон покрај заштитата на кралството – отворена кујна со камин, зелена градина со белведере. Уште еднп објаснување – вистинските кралици никогаш не патуваат сами, а оваа вила може да ја собере целата свита. Само треба да се утврди кои ќе бидат вашите соработници, стражи. Не ја заборавајте послугата.



Кралската одаја
Вилата Mediteran е лоцирана на само неколку минути пешачење од стариот Дубровник, кој се претвори во вистинска кралска одаја за снимањето на серијата. Вилата е прекрасен избор за летните одмори во стилот на семејство Ланистер. Можете да читате книга, да шиете до прозорецот, “фрлајќи” по едно око на поданиците и евентуални непријатели, или пак да се разгледа за судбината на својот народ, додека се одмарате во џакузито на балконот. За уште поубедлив ефект, тука е изградена вистинска сала. Ќе треба сепак сами да си го донесете железниот трон.



За вас, господине Џајм Ланистер
Лоцирана во самиот центар на средновековниот квартал на Жиро, каде во шестата сезона Џајм Ланистер учествува во епска борба, овој дом може да биде прекрасно место за секој кој се уморил од бесмислени битки. Од балконот се открива прекрасен поглед кон старите улици, а прозорците иако даваат доволно светлина, можат и да помогнат да бидете во одбрана во случај на непредвидена опсада. Независно од тоа, дека дизајнерите се труделе максимално да го поштедат историскиот изглед на домот, во него има сè што е потребно за удобноста на секој член од која и да е кралска фамилија.



Големата катедрала на Бејлор
Оние кои сакаат да се доволно блиску до една од најпознатите напнати сцени од шестата сезона, може да изнајмат стан во сенката на главната катедрала на Жиро. Од прозорците се гледаат скалите на Великата катедрала на Бејлор каде ја очекуваа пресудата Марџори Лајн и останатите претставници на благородничките семејства. Не толку голем, но многу пријатен дом, е погоден за патување инкогнито на кралското семејство, така и за скромни скиталци по градовите.



Утес Кастерли
Утес Кастерли е тесно поврзан со тажна судбина на Роб Старк. Замокот “Hackett”, изграден во XV век, нема таква мрачна историја, но и тој потсетува на злобна набљудувачка кула. Но, не треба да се суди според изгледот. Овој замок сега претставува пријатен и модерно опремен простор, макар и со бодлици.



Домот на Кралот на Северот
Во замокот, лоциран во ирскиот град Голвеј, сосема соодветно може да биде распоредена резиденцијата на Џон Сноу. Независно од релативно скромниот обем, замокот би прилегнал на душата дури и на монарх. Кој би одбил да пие кафе со поглед кон сопствено езеро, да прима посетители во дневна соба декорирана со брилијантен вкус. Токму тука можете да одморате, но и да се полните со сили, за да го освојувате железниот трон.



Штабот на Денерис Таргариен
Нема никакво значење дали имате змејови или не, во овој мал замок, во самото срце на Жиро, вие ќе се чувствувате како вистински претставник на аристократите со сина крв. Како и градот-оаза Кварт, тој е опкружен со портокалови дрва и ќе ве обдари со свежина во жешките летни денови. Добивате и бонус. Ако ви треба да излезете за важен состанок, или пак едноставно да се прошетате и да се грижите за вашите деца. МНишто не се споменува за кучиња. Избегнувајте ги.



Домот на змејот
Не плашете се од змејот кој се притаил на покривот на овој дом. Тој само ви го пази спокојот, а тој ви е обезбеден на секаков начин. Куќата се наоѓа во тивка селска месност. Сè во него е така замислено и решено за да ви биде удобно. Стражите на вратите на спалната соба, дрвата, претворени во столбот, необични статуетки – овој дом собира во себе легенди и приказни од целиот свет. Дали сте странски трговец, кралот во егзил или витез во потрага на таинствено богатство – токму тука е вашето место.


