Кога испраќате мејл до потенцијален работодавец, имате една шанса да го убедите дека сте паметни, компетентни, амбициозни и токму она што му недостасува на неговата компанија.
Иако многу компании го намалија бројот на вработени во последните месеци, се повеќе од нив полека почнуваат да вработуваат нови луѓе. Ако сакате да го привлечете нивното внимание, важно е да им испратите силна порака.
Звучи комплицирано, но всушност е полесно отколку што изгледа, а еве неколку упатства од Бизнис инсајдер.
Немојте да бидете духовити во називот на мејлот
Немојте да бидете духовити во називот на мејлот, туку јасно потенцирајте дека ова е мејл со кој што барате или аплицирате за огласеното работно место. Доколку нема упатства од работодавачот, едноставно напишете „апликација за позицијата…“
Адресирајте го мејлот до вистинската личност
Најлошото нешто што можете да направите е да напишете „Почитуван господине“, или „Почитувана госпоѓо“, бидејќи тоа покажува дека не сте се ни распрашале кому точно му испраќате мејл. Откријте точно кој е одговорен за вработување во одредена компанија и насловете го мејлот до конкретната личност.
Наведете како можете да придонесете
Вашата главна публика кога пишувате мејл е работодавецот. Затоа, размислете што им нудите и како можете да придонесете, а не обратно. Во телото на мејлот нагласете што точно можете да направите за компанијата и што сте дознале за неа.
Покажете страст
Покажете ѝ на компанијата колку сте возбудени од идејата да работите за неа. Обработете го ова во првиот дел од мејлот, така што работодавачот ќе има поинаков впечаток додека ја чита содржината до крај. Ова ќе ви даде предност во однос на подеднакво обучените други кандидати.
Споменете важни познаници
Ако познавате некој од компанијата каде аплицирате за работа, нагласете го тоа во мејлот. Може да кажете дека таа личност ве препорачала или барем ви кажала за компанијата и како е да работите во неа.
Не копирајте го CV-то во мејлот
Не копирајте ја биографијата во телото на мејлот, но не заборавајте да ја испратите како прилог или како документ на Google.
Опишете ги вашите карактеристики
За работодавците е сè поважно какви се вработените и надвор од основната работа што ја извршуваат. Кажете дека сте флексибилни, лесни за прилагодување и дека критички размислувате. Објаснете дека учите брзо и дека сте подготвени за промени.
Побарајте средба
Напишете во мејлот дека би сакале да се сретнете што е можно побрзо и побарајте средба очи во очи. Исто така, на работодавците ќе им се покаже нивото на вашата сериозност и се остава поинаков впечаток во живо, па затоа е добро да дојдете до тој дел од интервјуто што е можно побрзо.